Sex Work and Human Rights

Posts tagged “превод

Шведска: Земја која не прифаќа мајки – сексуални работнички

Земја која не прифаќа мајки – сексуални работнички [Photo by 12019-10269 images, Fingerprint by Kurios]

Сексуална работничка од Шведска го изгубила старателството над нејзиното дете поради својата работа 1

Östra Göinge, Шведска, 13 Јануари, 2018.

Мајката е уништена со судска одлука.

Една мајка која работела како сексуална работничка во Östra Göinge, едно село во Шведска го изгубила својот син поради својата професија. Таа ги нудела своите сексуални услуги преку Интернет. Почнала да работи како сексуален работник откако паднала во финансиски проблеми кога нејзиниот син имал само три месеци. Таа ги канела своите клиенти во сопствениот стан нудејќи им сексуални услуги за пари. Нејзината месечна заработка изнесувала околу 2.000-2.300 евра месечно.

“Мајката и нејзиниот син најчесто живееле изолирани од светот, освен за посетите од нејзините клиенти. Многу често се случувало клиентите да го прекинат сексот со мајката кога бебето ќе се разбудело. Неговото креветче било веднаш до креветот на мајката. Мајката се изјаснила дека детето во ниедна ситуација не изгледало исплашено, но сепак било љубопитно за тоа што се случува. Откако ќе се разбудело, мажите веднаш си заминувале од дома, особено оние кои имале деца, сфаќајки ја целосно ситуацијата,“ се вели од Управниот суд.

Сè се разоткрило откако едно засегнато лице ја пријавило мајката во социјална служба, при што синот веднаш и бил одземен. Ова се случило без никаква претходна формална проценка на ситуацијата, иако активностите на мајката беа потврдени преку нејзините онлајн реклами. 

Управниот суд особено става акцент на фактот што мајката ги поканувала своите клиенти во нејзиниот дом. Според судот, постоел значителен ризик дека здравјето и развојот на детето ќе бидат оштетени од целокупната ситуација.

Откако детето и било одземено, мајката веднаш ги прекинала своите услуги. Сепак, Управниот суд сметал дека се уште постои ризик дека ќе го повтори своето однесување и затоа одлучил дека синот треба да остане под државната заштита согласно Законот за грижа на млади (LVU). Покрај тоа, судот утврдил дека мајката покажала рамнодушност во однос на безбедноста и заштитата на нејзиниот син, со тоа што ги носела непознатите мажите во својот стан.

Наместо сексуална работа, мајката сега е во потрога по друга работа, а во меѓувреме, аплицирала за социјална поддршка од владата, иако смета дека сепак нема да може да заработува толку колку што заработувала како сексуална работничка. Мајката, исто така, изјавила дека е во постојан контакт со нејзината мајка, која ветила дека ќе и помогне.

Според Управниот суд, таа е “загрижена за последиците на нејзиниот син”. Исто така, може да поднесе жалба против одлуката на судот во Административниот апелационен суд во Гетеборг во рок од три недели.
 CCJ Article

Кликнете на сликата за да ја прочитате целата статија (Англиска верзија)


Превод од СТАР-СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот. Овој превод првпат беше објавен на веб-страницата на СТАР.

CTAP-CTAP Logo“СТАР и сексуалните работници веруваат дека почитувањето на основните човекови права и слободи и правото на слободен избор на професија, се основните принципи за здраво, толерантно и слободно општество. … СТАР СТАР се залага за свет без насилство во кое сексуалните работници слободно работат, а почитувањето на основните човекови права и слободи се основни принципи за демократско и толерантно општество.”

Можете да го следите на Твитер и Фејсбук.

Сексуалните работници и сојузниците преведуваат, Уредување + дизајн

SWAT Logo © Helen Chan for SWAT

“СРСП има за цел да стане мрежа на сексуални работници и нивни сојузници кои можат да преведуваат, уредуваат и дизајнираат извештаи, известувања, академски, блоговски и новинарски статии, презентации, постери, дури и описи на фотографии со цел да споделат знаење во врска со сексуалната работа и да премостат културолошки и јазични бариери.”

Ве молиме кликнете тука за информации за SWAT на 18 јазици. Те молам контактирајте го SWAT преку е-пошта ако сакате да придонесете со своите вештини. Исто така, вие сте поканети да се придружите на SWAT Фејсбук групата


(Информации за лиценца на англиски јазик. Ве молиме почитувајте ја лиценцата Криејтив комонс.) The Swedish original of this article was written by Carl-Johan Liljedahl and first published as “Barn till prostituerad omhändertas” (Child of prostitute taken into care) at Kristianstadsbladet (January 13th, 2018). The terms “prostitution/prostitute” and “sex buyer” were replaced with “sex work/sex worker” and “client.” The copyright for the original article lies with Kristianstadsbladet. It is not licensed under a Creative Commons License.

The images and tweets above and below did not appear in the original article. Translations of articles do not represent endorsements of titles, images, terms used or views expressed therein, or of the authors who have written or the media outlets that published them. 

Photo: 12019/10269 Images Illustration: Kurios (Pixabay); Font: Last Soundtrack


Помогнете да го ширите зборот!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Advertisements